Алијансата за Албанците со поддршка на референдумот на 30 септември

Од:

Претставници на Штабот од Алијансата за Албаниците денеска со прес-конференција во Тетово повикаа на поддршка на реферндумот што ќе се одржи на 30 септември.

– Алијансата за Албанците донесе политичка одлука дека референдумот од 30 септември масовно да биде поддржан од страна на целото нејзино членство повикувајќи ги и неопределените албански гласачи да го поддржат без никаква дилема, дотолку повеќе, што позитивен референдум ќе отвори многу политички можности за целосно остварување на правата на Албанците како државотворен народ во Македонија. На секоја средба со нашите активисти преовладуваше убедувањето дека интеграцијата на нашата земја во НАТО и во европскато семејство ќе отвори ново поглавје за безбедна перспектива кон политичка и економска благосостојба на сите граѓани, изјави шефицата на штабот на Алијансата за Албанците Бујаре Абази.

Нагласи дека заеднички заклучок на партиските структури, активистите и политички неопределените граѓани е дека владеењето на правна држава, борбата против организираниот криминал, политичката и економска еднаквост на нејзините граѓани многу полесно можат да дојдат до израз доколку сме дел од евроатлантските вредности и институции.

Таа посочи дека стратешката и идеолошка определба на Албанците не само во Македонија , туку на сите албански простори, била и ќе остане секогаш покрај САД, НАТО и земјите на Европската унија како универзални вредности кои имаат цел зачувување на мирот и безбедноста како и отворање на економски и развојни можности, нови работни места.

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Села: Основен суд во Тетово донесе одлука дека јас сум претседател на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски

Алијанса за Албанците: Арбен Таравари или е лошо информиран или е во потполна заблуда

АА: На кого и зошто му пречи директорот Халит Ферати?

(ВИДЕО) Интервју со Таравари: Рама и Курти ме поддржаа да се кандидирам, тоа не е мешање во Македонија, поддршка може да даде секој

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот