„Алијансата за Албанците”: Несоодветното известување и поттикнување на омраза на довчерашните провладини медиуми

Од:

„Алијансата за Албанците” изразува длабока разочараност поради несоодветното известување и поттикнување на омраза на довчерашните провладини медиуми, поврзани со процесот на преговори и доставувањето на барањата за базични промени.

Извештаите од типот „Ни ја зедоа државата”, „Ќе ја делат Македонија”, „Не го даваме знамето”, „Дојде времето за одмазда”, не се дериват на заедничката платформа на албанските политички партии, туку се манипулативна фраза на една корумпирана и мафијашка власт, која има за цел понатамошно осиромашување на граѓаните и целосна економска експлоатација.

Апелираме до сите медиуми, тие на албански и на македонски јазик, за бојкот на експонати „граѓани” и „аналитичари”, кои се познати на јавноста како ксенофоби, албанофоби, расисти и поттикнувачи на меѓуетничка омраза, со цел оневозможување да придонесат во ескалација на ситуацијата.

За волја на вистината, „Алијансата за Албанците”, упатува посебен апел до сите „политички, владини и медиумски” платеници да ја прочитате внимателно “Заедничката платформа на Албанците” и да бидат убедени дека сите вметнати услови од страна на албанските партии се дериват на: Конвенциите за основни права, извештајот на Прибе, Венецијанската комисија и извештајот на Европската унија за напредок на земјата.

Немаме друга алтернатива освен да ги исполниме бараните стандарди од страна на гореспоменатите институции. На декемвриските избори од 2016 година, беше јасно дефинирано дека суверените граѓани се определија за еднаквост меѓу заедниците, поставување на демократски вредности, социо-политичкадекриминализација и ориентација кон евро-атлантските интеграции“, се вели во соопштението на „Алијансата за Албанците”.

Би можело да ве интересира

Села: Основен суд во Тетово донесе одлука дека јас сум претседател на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски

Алијанса за Албанците: Арбен Таравари или е лошо информиран или е во потполна заблуда

АА: На кого и зошто му пречи директорот Халит Ферати?

(ВИДЕО) Интервју со Таравари: Рама и Курти ме поддржаа да се кандидирам, тоа не е мешање во Македонија, поддршка може да даде секој

Алијансата за Албанците: Хакирани сме од злонамерници

Реагира крилото на Таравари: конгресот на групата незадоволници е незаконски и нестатутарен

Катерина Ѓуровски