Алијансата за Албанците ја прекина соработката со ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Алијанса за Албанците соопшти дека ја прекинува соработката со, како што велат, сите политички субјекти кои не ја рефлектираат и запираат логиката на политичко профитерство со анатемизирање на Албанците.

Одлуката на Алијансата доаѓа по вчерашните настани кај Мавровка кога вооружена група ги нападна демонстрантите кои протестираа против францускиот предлог. Меѓу нив беше и Цуфи Кока, член на АА и брат на Зуди Енузи, в.д. директор на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ во Скопје. Енузи синоќа беше разрешен од функцијата од страна на градоначалничката Данела Арсовска поради случувањата.

Од Алијансата нема осуда за инцидентот, туку во допис наведуваат дека настаните пред Мавровка биле сценарио за напад врз Албанците од Скопје и нивните имоти.

„Целата јавност синоќа беше сведок на сценарио за напад врз Албанците од Скопје и нивните имоти, слично како во минатите сценарија каде Албанците се жртвуваа за политички цели и пазарења, а ДУИ, ЛСДМ и ВМРО добиваа политички поени.

Патот кон ЕУ не треба да биде за цена на имотот и животот на албанскиот граѓанин. Ова го кажуваме отворено и гласно за оние кои го жртвуваат Албанецот во име на европеизацијата и против оние кои ги насочуваат антиевропските протести против најевропскиот народ, албанскиот народ.

Контаминацијата и метастазирањето на Левица во ВМРО-ДПМНЕ, враќањето на заедничките сценарија на ДУИ и ВМРО како во времето на груевизмот, сега со подршка и на СДСМ, се лесни за читање и неприфатливи за Алијансата за Албанците. Не дозволуваме да бидеме ниту дел, ниту жртва на вакви сценарија. Алијансата за Албанците не дозволува повредување на Албанците, ниту омаловажување на Албанците, ниту нарушување на гордоста на Албанците“, велат од Алијанса за Албанците.

Претходно градоначалничката Данела Арсовска изјави дека не може да се соработува со луѓе кои оправдуваат насилство и вооружени напади, и не ја разбира ароганцијата и коментарите на потпретседателот на АА, Арбен Таравари со оглед на тоа што соработката прекинала уште вчера.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Алијанса за Албанците: Резултатите од ПИСА 2025 – црвен аларм за образованието

A1on

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му