Алијансата за Албанците го номинираше Ремзи Мехмеди за претставник во работната група за измени на Уставот

Од:

Aлијансата за Албанците го номинираше Ремзи Мехмеди за претставник во работната група за измени на Уставот, информираа од партијата за МИА.

Претходно, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ на прес-конференција соопшти дека партијата ја номинираше Цветанка Иванова за претставник во работната група за измени на Уставот.

Рокот за номинирање претставници во работната група за измени на Уставот што Министерството за правда им го даде на институциите и политичките партии истекува денеска.

Освен парламентарните политички партии во работната група при Министерството за правда претставници треба да номинираат и од Кабинетот на Претседателот на државата, Министерството за надворешни работи, Секретаријатот за европски прашања и експерти од областа на уставно право.

И додека во јавноста викендов се лицитираше со можните имињата на членовите, дел од политичките партии на дописот од Министерството за правда одговорија негативно. ВМРО-ДПМНЕ, Алтенатива, Левица, СПМ и Демократски сојуз информираа дека нема да учествуваат во работната група.

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: Дури ни заробениот Уставен суд не можеше да го покрие срамот на ВМРО-ВРЕДИ

АА: Намерно се блокира спроведувањето на Законот за правична и соодветна застапеност во државните и јавните институции

Алијансата за Албанците: Во тек е процес на деалбанизација на јавната администрација во Македонија

ВРЕДИ: Го поздравуваме враќањето на Алијансата за Албанците на фронтот на промените

Пратеничката Мимоза Муса од Алијанса за Албанците останува дел од владината коалиција

Мицкоски не потврдува дали сите што му свртеа грб на Таравари ќе ги задржат функциите

Катерина Ѓуровски