Алијансата за Албанците го исклучи од партијата Мухсин Арифи

Од:

На состанокот одржан на 10 април 2025 година, Комисијата за етика на Алијансата за Албанците (АА) го разгледа случајот со Мухсин Арифи, претседател на Огранокот Сарај и директор на Геријатриската болница, осомничен од надлежните органи за земање мито. Етичкиот кодекс на AА бара политичките претставници да имаат високи стандарди на морален, правен и професионален интегритет, а членовите на раководните структури да постапуваат во согласност со законот, Програмата и Статутот на партијата, избегнувајќи лични финансиски или материјални придобивки, велат од Алијансата за Албанците.

„Врз основа на ова, Комисијата за етика донесе одлука за итно исклучување од партијата на ухсин Арифи, како и негово разрешување од функцијата претседател на Огранокот Сарај, до донесување конечна одлука од страна на надлежниот суд. AА нема да толерира никаква злоупотреба, прекршување на законот или на Етичкиот кодекс на партијата. Владеењето со чисти раце не е само слоган, туку морална и политичка обврска за секој член на АА, бидејќи довербата на граѓаните се стекнува и се одржува само со посветеност, чесност и интегритет“, наведуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: Резултатите од ПИСА 2025 – црвен аларм за образованието

A1on

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

АА: Проектот „Безбеден град“ отвора сериозни правни и уставни прашања

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Пресуди за аферата „Геријатрија“: Четири години затвор за Арифи, Амити доби една година и 10 месеци

Во Кривичен пресуда за случајот „Геријатрија“