Алијансата на Албанците: За да присуствуваме на лидерската средба, таа треба да биде во Клиничкиот центар

Од:

Алијансата на Албанците нема да оди на лидерската средба кај Ѓорге Иванов, потврди генералниот секретар на партијата Аребер Таравари на денешната прес-конференција во тетовското седиште на ДПА Движење на реформи чиј што претседател е Зијадин Села.

– За да присуствуваме на лидерската средба, таа треба да се реализира во Клиничкиот центар, рече Таравари.

На почетокот од своето излагање тој информираше дека повредениот Зијадин Села при вчерашните немири во Собранието е во стабилна здравствена состојба, дека сите витални параметри денеска се во граница на нормала, свесен е, комуницира и дека состојбата му се подобрува иако вчера претрпел сериозни повреди особено на главата, но и на другите делови од телото.

Би можело да ве интересира

Села: Основен суд во Тетово донесе одлука дека јас сум претседател на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски

Алијанса за Албанците: Арбен Таравари или е лошо информиран или е во потполна заблуда

АА: На кого и зошто му пречи директорот Халит Ферати?

(ВИДЕО) Интервју со Таравари: Рама и Курти ме поддржаа да се кандидирам, тоа не е мешање во Македонија, поддршка може да даде секој

Алијансата за Албанците: Хакирани сме од злонамерници

Реагира крилото на Таравари: конгресот на групата незадоволници е незаконски и нестатутарен

Катерина Ѓуровски