Алијанса за позитивна Македонија со целосна поддршка на кандидатите за градоначалници на коалицијата предводена од СДСМ

Од:

„Извршниот одбор на Алијансата за позитивна Македонија, на проширената седница што ја одржа со претседателите на општинските организации на АПМ, одржана на ден 11.09.2017 година, реши да даде целосна поддршка на кандидатите за градоначалници на коалицијата предводена од СДСМ, претстојните локални избори.

Алијансата за позитивна Македонија, дава максимален придонес кон составувањето на квалитетни листи на коалицијата за кандидати за советници на Советите на општините. Кандидатите што ги нуди Алијансата за позитивна Македонија се со силен човечки, морален и политички капацитет да ги застапуваат либерал-демократските вредности и интереси на сите граѓаните во советите на општините, со што претставуваат додадена вредност и богатство на политичкиот плурализам на Република Македонија“, се вели во соопштението на Алијанса за позитивна Македонија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опасни дупки зјаат во новиот парк Ибни Пајко

Татјана Ташкова

Нови локални избори во Истанбул

Елисафет Скуфа пред ПССЕ: По ратификацијата на Преспанскиот договор имаше изливи на „говор и акти на омраза“

Татјана Ташкова

Локални избори во Турција: Ердоган се бори за довербата на народот

Татјана Ташкова

Полицаец, двајца доктори, студент и градежен инженер во трка за градоначалник на Охрид

Презентација на извештај за постапувањето на полицијата на локалните избори 2017 година

Ана Ололовска