Алијанса за Албанците со осуда за нападот врз Данела Арсовска

Од:

Остро го осудуваме физичкиот напад и заканите врз градоначалничката на град Скопјe, Данела Арсовска, и тимот што ја придружуваше за време на инспекцијата на илегалните градби во Скопјe. Овој напад треба да биде многу сериозен аларм за функционирањето на законот и за тоа каде се движи оваа земја. Ако градоначалник на главниот град може толку лесно да биде нападната од банди, што останува за обичните граѓани. Насилството е неподносливо под никакви околности, а кога се врши и врз службени лица и градоначалник, тоа докажува дека во оваа земја повеќе нема закон, безбедност или правда. Оваа слика не личи на земја кандидат за членство во Европската Унија и уништува сè што е постигнато досега.

Бараме од Министерството за внатрешни работи и од Обвинителството итно и ефикасно да го истражат овој случај, да ги санкционираат сторителите и да докажат дека не го бранат насилството и криминалот.

Криминалот и хаосот во Скопјe, а особено во албанските населби, не можат да се прикријат со закани и акти на насилство. Особено албанските населби мора итно да се ослободат од несигурноста, од узурпацијата и од урбаната мафија што ги претвори најубавите населби на главниот град во гета, наведуваат од Алијанса за Албанците.

Би можело да ве интересира

Намалена видливост поради магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка, во Крушево и на планинскиот превој Плетвар

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Данците не се баук: Македонија има 0-0 на полувреме во Копенхаген