Алијанса за Албанците: Режимот Заев-Ахмети-Мијалков амнестира уште еден криминалец

Од:

Хибридниот режим Ахмети-Заев-Мијалков и последните денови од своето владеење ги користи за помилување на криминалците. Министерот за правда Бојан Маричиќ, предложил до претседателската комисија за помилување да му се скрати останатиот дел од казната затвор на Сеад Кочан, соработникот на поранешниот премиер Никола Груевски велат во соопштение од Алијанса за Албанците.

-Овој режим којшто дојде во име на правдата, со трубење на пароли за борба против криминалот и корупцијата, ќе се памети само по помилувања, бегства, амнестирања и пуштање на слобода на криминалци и корумпирани. Меѓу иконите на овој режим ќе останат во сеќавање и Боки 13, Зоки Кичеец и Катица Јанева коишто беа главните актери во рушењето на Специјалното обвинителство, со цел да ги спасат криминалците воопшто, а посебно тие на ДУИ. Некои од нив сега веќе се и блиски соработници на овој хибриден режим. Како последица на оваа соработка со криминалот и корупцијата, граѓаните денес остануваат изолирани, без европска перспектива и во длабока економска криза се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Села: Основен суд во Тетово донесе одлука дека јас сум претседател на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски

Алијанса за Албанците: Арбен Таравари или е лошо информиран или е во потполна заблуда

АА: На кого и зошто му пречи директорот Халит Ферати?

(ВИДЕО) Интервју со Таравари: Рама и Курти ме поддржаа да се кандидирам, тоа не е мешање во Македонија, поддршка може да даде секој

Алијансата за Албанците: Хакирани сме од злонамерници

Реагира крилото на Таравари: конгресот на групата незадоволници е незаконски и нестатутарен

Катерина Ѓуровски