Алијанса за Албанците: На учениците во Тетово им се бараат пари за свидетелства

Од:

Многу ученици и родители изминативе денови пријавија дека од нив е побарано пари за сведителствата на крајот од учебната година, соопштија денеска од Алијансата за Албанците.

„Кој ги ограбува тетовските ученици и нивните родители? Од кој центар доаѓаат наредбите за да им се земат пари повторно? Нам ни е јасно дека жртви на овие шеми се и тетовските учители, наставници и професори кои што некој ги става во тешка положба и пред сè бараме разбирање за нив, што и така се прегазени од неисплаќањето за додатната работа за време на пандемијата. Но, жртви се и учениците и родителите на Тетово, кои по многу трошоци за обезбедување компјутерска опрема, телефони и интернет, сега се принудени да плаќаат и за сведителства“, стои во партиското соопштение.

Од партијата ги повикаа „корумпираните директори од корумпираната владејачка партија ДУИ и назначени од најнеуспешната градоначалничка во историјата на Тетово, Теута Арифи, итно да престанат со оваа ниска форма на корупција и злоупотреба“.

„Ги предупредуваме овие службени лица ако од денес дознаеме за уште еден случај од оваа појава, нема да се двоумиме да ги објавиме со име, презиме и слики сите тие што ги ограбуваат нашите фамилии и вршат притисок врз наставниците. Јавно го повикуваме инспекторатот за образование барем еднаш правилно да ја изврши својата должност и да ги казни тие што немаат милост ни кон децата“, велат од Алијансата.

Би можело да ве интересира

Села: Основен суд во Тетово донесе одлука дека јас сум претседател на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски

Алијанса за Албанците: Арбен Таравари или е лошо информиран или е во потполна заблуда

АА: На кого и зошто му пречи директорот Халит Ферати?

(ВИДЕО) Интервју со Таравари: Рама и Курти ме поддржаа да се кандидирам, тоа не е мешање во Македонија, поддршка може да даде секој

Алијансата за Албанците: Хакирани сме од злонамерници

Реагира крилото на Таравари: конгресот на групата незадоволници е незаконски и нестатутарен

Катерина Ѓуровски