Алијанса за Албанците: Фатмир Лимани министер, братот останува директор

Од:

Непотизмот и конфликтот на интереси се повеќе стануваат синоним за нелегитимната коалиција ВРЕДИ и нејзините функционери, велат од Алијанса за Албанците.

„Братот на Фатмир Лимани, министер за социјална политика, демографија и млади, Дашмир Лимани, продолжува да биде директор на Центарот за труд и социјална политика во Кичево. Оваа ситуација претставува конфликт на интереси и е отворено кршење на законот.

Ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупцијата како и Јавното обвинителство да ја испитаат и разрешат оваа состојба бидејќи министерот Лимани не постапувал речиси три месеци од преземањето на функцијата, а двајцата браќа продолжуваат да ги извршуваат двете функции.

Покрај флагрантното прекршување на законот, ова ја докажува и дволичноста на албанските партии кои влегоа во Владата без легитимитет и нивните лажни ветувања за правично и транспарентно владеење, како и ги потврдува нашите предупредувања дека нивниот влез во Владата е само за тесни партиски, семејни и лични интереси“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: Резултатите од ПИСА 2025 – црвен аларм за образованието

A1on

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

АА: Проектот „Безбеден град“ отвора сериозни правни и уставни прашања

АА обвинува: Новата систематизација на МВР ги загрозува Струга, Дебар и Кичево

Горан Наумовски

Алијансата за Албанците: Скандал во државното претпријатие МЕПСО

Алијанса за Албанците: ВРЕДИ што поскоро да се повлече од оваа екстремна влада против Албанците

А1он