Алијанса за Албанците: ДУИ преку свои директори во ПИОМ ги оштетила граѓаните за 19 милиони евра

Од:

Парите од придонесите за пензиско осигурување на вработените кои не се префрлени во вториот столб на пензиско осигурување, а најверојатно биле украдени од страна на функционери на ДУИ кои 10 години управуваат со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија како единствен надлежен орган за собирање на пари за пензиски придонес, сведочи за алармот и постојаните реакции на Алијансата за Албанците дека оваа влада ја има коалиционен партнер ДУИ која што тоне во корупција и организиран криминал, велат од Алијансата за Албанците.

Од таму обвинуваат дека ДУИ, преку свои директори во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување кои раководеле со оваа институција повеќе од една деценија, ги оштетиле граѓаните за 19 милиони евра, пари наменети за вториот столб пензиско на осигурување.

„Последниот скандал за криминал и корупција на високи функционери на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, е тој што го откри Министерството за труд и социјална политика во врска со злоупотребата на придонесите во Пензискиот фонд на РМ за 12.000 вработени во јавниот и приватниот сектор, во периодот 2007-2018 година. Ја потсетуваме јавноста дека во овој период, со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија раководеле следните директори на ДУИ: Исни Јакупи, Беким Незири и актуелниот директор Шаип Зендели, заедно со нивните блиски соработници кои час поскоро треба да бидат изведени пред лицето на правдата и да ја добијат заслужената казна“, велат од Алијансата за Албанците.

Овој скандал, додаваат од партијата, кој е само еден од многуте досега неоткриени скандали, потврдува дека ДУИ веќе 16 години преку свои функционери ги крадела своите граѓани, дури крадејќи им ги и нивните пензии, непростливо кривично дело кое не може да се толерира.

„Го прашуваме премиерот Зоран Заев, дали со овој коалициски партнер ќе ја зачлени земјава во ЕУ и НАТО и ќе ги исполни барањата на ЕУ кои стојат во Извештајот за напредок од 2018 година, каде што главна точка е борбата против корупција?“, прашуваат од Алијанса за Албанците.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Реформата на ДУИ почнува и завршува со Блерим Беџети

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Адеми: Испишана е историја, во Општина Чашка ќе имаме градоначалник од Националната алијанса за интеграција

Горан Наумовски

Адеми: НАИ победи во прв круг во две општини Липково и Пласница

Адеми: Oвие избори ги сметаме за слободни, фер и демократски

Бајрам Реџепи: Тетово треба да биде инклузивна и отворена општина

А1он