Алијанса за Албанците: ДУИ ги разгоре сомнежите дека е коорганизатор на крвавиот четврток

Од:

ДУИ, преку пратеникот Агим Шаќири и претседателот на Собранието Талат Џафери, бранејќи го Трајко Вељаноски од излегување пред лицето на правдата, удрија врз законот, ги издадоа своите гласачи, ги издадоа и нашите сојузници од САД и ЕУ кои чекаат воведување и функционирање на правдата, велат во соопштение од „Алијанса за Албанците“ на Зијадин Села.

„ДУИ, фатена за опашка од страна на ВМРО-ДПМНЕ, заложник на криминалот и корупцијата, кои спречија одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски – осомничен како главен организатор на крвавите настани од 27 април, говори за сомневање дека и ДУИ е коорганизатор на насилството од 27 април и се чини дека се принудени да ги бранат криминалците од ВМРО“, се наведува во соопштението на политичката партија од албанскиот блок.

Од „Алијансата за Албанците“ наведуваат дека Џафери, вчера не го спровел барањето на Судот за одземање на имунитетот на Вељаноски.

„Талат постапи исто како претседателот Иванов, кој одби да го потпише Законот за јазиците и да го ратификува Договорот од Преспа, иако законот и Уставот на РСМ му го наложуваат тоа“, сметаат од партијата.

„ДУИ, поради своите хипотеки во криминалот и корупцијата, ја земаат на врат иднината на интеграција на земјата во ЕУ. Ја потсетуваме јавноста дека лидерите на ЕУ, поставија два мошне јасни критериума пред Северна Македонија за отворање на преговори – Одговорност за 27 април и конечни пресуди за случаите на корупција и скандалот со прислушувањето“, се истакнува во соопштението.

„Алијанса за Албанците“ смета и дека конечно време е СДСМ да го дефинира својот став во врска со дуализмот на ДУИ, партија која, како што велат, е на власт со СДСМ, а во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Крилото на Села ја спори легитимноста на конгресот на Таравари

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

Села: Не сум против носење на Законот за правична застапеност

Села: Скандалозна е вчерашната одлука на Уставниот суд во врска со „балансерот“

Горан Наумовски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски