Алијанса за Албанците: ДУИ ги направи албанските населби најопасни места за живеење

Од:

Синоќешниот инцидент во Чаир во којшто учествуваа највисоки полициски службеници е најдобар одраз на владеењето на ДУИ. Криминалот на оваа партија ги допре највисоките врвови на власта велат од Алијанса за Албанците.

– Тие коишто треба да работат за безбедноста станаа најголемата опасност за Албанците особено и за граѓаните воопшто. ДУИ ги направи албанските населби најопасни места за живеење, тие станаа места каде те убива полицаец и каде се заштитени криминалците.
Кога го осудивме заробувањето на правосудниот систем, заменик министерот од ДУИ се пожали дека опозицијата ги навредува албанските функционери. Ги прашуваме поранешниот министер за полиција, актуелниот заменик министер за полиција и сите функционери на ДУИ, кој синоќа ги навреди и посрамоти Албанците, кој со куршумите на нивните началници ги загрози Албанците и албанските населби ги претвори во гето на криминални картели.. Ветингот во судството, полицијата и другите сфери е повеќе од неопходен, но предходно мора да ги отстраниме од власт тие коишто го попречуваат ветингот и го зајакнуваат криминалот и корупцијата се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата