Алијанса за Албанците: Без политичка волја невозможна е ефикасна борба против корупцијата

Од:

„Индексот на перцепција на корупцијата 2022“ е уште една независна потврда на она што Алијансата за Албанците постојано го осудува. Во последното мерење на степенот на перцепција на корупцијата за 2022 година, „Транспаренси интернешнал“ прецизира дека кај нас институциите надлежни за прогон на корупцијата и организираниот криминал се недоволно финансирани и нивната независност се поткопува од политиката, дека судството е политизирано, додека правдата останува селективна во случаите на корупција на високо ниво“, велат од Алијанса за Албанците.

Оттаму сметаат дека недостатокот на политичка волја ја оневозможува ефективната борба против корупцијата и дека решението е едноставно.

– Неопходен е ветинг, одземање на незаконски стекнат имот, удвојување на инвестициите во правосудството и антикорупциските институции, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците.

Од партијата велат дека имаат и политичка волја и храброст да ги поттикнат реформите во правосудството и да водат бескомпромисна војна против корупцијата

Би можело да ве интересира

Села: Основен суд во Тетово донесе одлука дека јас сум претседател на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски

Алијанса за Албанците: Арбен Таравари или е лошо информиран или е во потполна заблуда

АА: На кого и зошто му пречи директорот Халит Ферати?

(ВИДЕО) Интервју со Таравари: Рама и Курти ме поддржаа да се кандидирам, тоа не е мешање во Македонија, поддршка може да даде секој

Алијансата за Албанците: Хакирани сме од злонамерници

Реагира крилото на Таравари: конгресот на групата незадоволници е незаконски и нестатутарен

Катерина Ѓуровски