Алијанса за Албанците бара МВР и обвинителството да ги пронајдат лицата кои преку социјалните мрежи му се закануваат на Села

Од:

Алијансата за Албанците ги повикува МВР и јавното обвинителство да ги најдат лицата кои преку социјалните мрежи упатиле закани до Зијадин Села.

„Го повикуваме Јавното Обвинителство и Министерството за Внатрешни работи, под итно да преземаат законски мерки и да ги најдат заканувачите на Претседателот на Алијансата Зиадин Села. Овие се кукавички закани од хулигани кој постојано упатуваат навреди кон Пратеникот и Претседател на Алијансата, Зиадин Села потсетувајќи го за 27 април, и тоа со жалење зашто не им подлегнал на раните во моментот кога сите мислеле дека е мртов. Една таква закана синоќа беше упатена од Фб профилот „Македонски лавови“.

Ја потсетуваме јавноста дека овие закани воопшто не го плашат претседателот Села и Алијансата за Албанците, но истите влијаат во нарушување на меѓуетничките односи, посебно кога институциите не преземаат мерки за изнаоѓање и казнување на хулиганите.

Го потсетуваме МВР и Јавното обвинителство дека пред извесно време имаше закана кон премиерот Зоран Заев кога МВР и Обвинителството експресно ги пронајдоа сторителите кои што упатија слични закани како вчерашниот настан со пратеникот Зиадин Села.

Се поставува прашањето дали во овој случај институциите ќе преземаат мерки против заканувачите на Зиадин Села? За жал, тешко дека ќе бидат преземени мерки бидејќи обвинителството работи со двојни стандарди, едни за Албанци и други за Македонци.

Алијансата за Албанците апелира и до нашето членство како и до сите граѓани да не подлегнат на ваквите провокации, а институциите да ги преземаат сите мерки и да ги казни сторителите, во спротивно ќе ги сметаме како соработници и наредбодавци на хулиганите кои што поттикнуваат етничка омраза“ се вели во соопштението на Алијанса за Албанците.

Би можело да ве интересира

Села: Основен суд во Тетово донесе одлука дека јас сум претседател на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски

Алијанса за Албанците: Арбен Таравари или е лошо информиран или е во потполна заблуда

АА: На кого и зошто му пречи директорот Халит Ферати?

(ВИДЕО) Интервју со Таравари: Рама и Курти ме поддржаа да се кандидирам, тоа не е мешање во Македонија, поддршка може да даде секој

Алијансата за Албанците: Хакирани сме од злонамерници

Реагира крилото на Таравари: конгресот на групата незадоволници е незаконски и нестатутарен

Катерина Ѓуровски