Алијанса на Таравари решава за локалните избори

Од:

Делот од Алијансата за Албанците што ја предводи Арбен Таравари, актуелниот министер за здравство, денеска ќе одржи Централно претседателство на кое ќе се одлучува за настапот на претстојните локални избори. Таравари вчера изјави дека не е точно оти преговараат со ДУИ и дека како политички субјект на претстојните локални избори имаат две опции – едната е да продолжат во рамки на коалицијата Влен, а другата е да излезат од коалицијата и да настапат сами.

На Централното претседателство на партијата, како што рече, ќе заземат став како ќе продолжат понатаму. Во партијата, како што потенцира, се прават одредени анализи и анкети кои покажуваат дека во одредени општини би имале добар резултат и доколку настапат сами.

-Така што тука е изборот меѓу овие две опции. Нема трета опција, рече Таравари вчера на новинарско прашање во однос на барањето на лидерите од партиите во рамки на коалицијата Влен да одбере страна.

На Централното претседателство на партијата, како што посочи, сака да ги слушне ставовите, пред да биде донесена одлука.

– Аналитичкиот центар на АА има направено одредени анкети, ќе ги презентира и ќе треба да донесеме заедничка одлука како да се настапи, додаде Таравари и појасни дека добро котираат во Гостивар, Врапчиште, Боговиње, Теарце, Сарај, Липково…

-Не мислиме дека ќе победиме, меѓутоа мислиме дека може да направиме добар резултат, меѓутоа ајде да видиме. На крај, граѓаните одлучуваат, нагласи Таравари.

Коалицијата Влен во петокот одржа состанок во Скопје на којшто лидерите на дел од Алијанса за Албанците Арбен Таравари, Демократското движење Изет Меџити, на Беса Биљал Касами и на Алтернатива Зеќирија Ибраими разговараа за состојбата внатре во коалицијата и за претстојните локални избори.

Беким Ќоку од коалицијата по средбата на лидерите изјави дека била во пријателски и колективен дух. Тој потенцираше дека коалицијата продолжува заеднички, а останува да се договорат само детали за листите за градоначалници и советници во општините пред Локалните избори.

-Разговаравме за следните избори, за следните средби. Тоа беше во сосема пријателски и колективен дух. Детално ќе разговараме за тоа во кои општини ќе одиме заедно. Така што, ова беше уште една позитивна средба во духот на соработката. Апсолутно, ние сме заедно, продолжуваме заеднички и останува да се разговара само за деталите и за тоа како ќе се поделат општините. Не се согласуваме на најдобар можен начин, но, во секој политички субјект тоа се случува, и кај поединечни партии, рече Ќоку.

Би можело да ве интересира

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ

ВРЕДИ: Против кого протестира Бујар Ахмети – против самиот себе или против чичко му Али Ахмети

ВРЕДИ: ДУИ ги турна студентите на улица, ние овозможуваме сите испити да се полагаат на албански јазик

ВРЕДИ се обедини во еден политички субјект

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН

Лимани: За предвремени избори сум и нема веќе да бидам дел од „Вреди“