Али Ахмети: Се сретнавме со Биљал Касами, разговаравме за евроинтеграциите и реформите

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети објави дека денеска имал средба со лидерот на Беса, Биљал Касами.

„По минатонеделниот телефонски разговор, денеска во Скопје се сретнав со претседателот на Беса, господинот Биљал Касами. Заеднички изразивме задоволство од завршувањето на предвремените парламентарни избори на 15 јули и ги поздравивме оценките на меѓународната заедница и особено на ОБСЕ/ОДИХР“.

За време на конструктивната средба, се согласивме да ги продолжиме нашите напори на евроатлантскиот пат на земјата, како и за долгоочекуваните реформи насочени кон владеењето на правото, преку отворен и континуиран дијалог.

Во следните денови, се надевам дека ќе одржам работни средби со лидерите на албанските опозициски партии, во интерес на граѓаните на нашата земја,“ напиша Ахмети на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Касами: Со измените на Изборниот законик до отворени листи и повеќе права за дијаспората

Без Филипче, со Ахмети и Апасиев, Мицкоски денеска прави лидерски собир