Али Ахмети на средби со европратениците: Нашата вистинска насока е Западот

Од:

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, денеска во Скопје се сретна со пратениците на Европскиот Парламент, Алојз Петерле, EPP Словенија, Билјана Борзан S-D, Хрватска, Мишел Крамер Verts/ALE, Германија, Џон Ховарт S-D, Велика Британија, Туне Келам EPP, Естонија, Ивана Малетиќ EPP, Хрватска, Димитрос Пападимулис GUE/NGA, Грција, Маријана Петир EPP, Хрватска, Мариа Спираки EPP, Грција како и Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар.

Ахмети им се заблагодари на гостите кои доаѓаат во поддршка во овие важни моменти за нашата земја и се постројуваат во поддршка на евроатланската иднина на Македонија.

Овие посети следат после успесите како што се Договорот со Бугарија, итните реформи, заокружувањето на Охридскиот Рамковен Договор и Договорот со Грција, во пресрет на референдумот.

На референдумот се одлучува и за мирот, безбедноста, стабилноста и добрите меѓусоседски и меѓуетнички односи како и за Евроатланската интеграција.

Ахмети истакна дека од Договорот од Преспа нема губитници, туку само победници затоа што победуваат граѓаните, победува Македонија, Грција, регионот и Европа.

Европратениците едногласно изразија подршка за Евроатланските аспирации на Македонија и ги охрабрија домашните сили да го продолжат патот кон Брисел.

На крај, Ахмети истакна дека историјата во неколку случаеви се повторува и Првата светска војна, различно од Втората, уште не е завршена бидејќи денешните последици во Југоисточна Европа доаѓаат како резултат на одлуките на Версајската Конференција, но и од порано, од Берлинската конференција.

Затоа, во овие клучни моменти, кога ние се наоѓаме на крстопат, треба да се ориентираме на вистинската насока, на запад.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Европска Македонија се гради со еднаквост, а не со намалување на нечии права

Горан Наумовски

ДУИ: Поскапува меѓуградскиот транспорт, директно се погодени студентите и граѓаните

ВЛЕН: ДУИ да каже дали го негира Гзим Острени?

Горан Наумовски

Реџепи: Како ќе се поврзе Скопје со Блаце ако Качанички пат остане тесен и блокиран?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) ДУИ: Не еден, туку вкупно пет тендери за братучедот на директорот на ВРЕДИ во „Бардовци“