Али Ахмети и Муса Џафери го загубија спорот со Слободан Богоевски за клевета и навреда

Од:

Тричлениот судиски совет на скопска Апелација, кој не сакаше да си ги каже имињата пред јавноста, на денешната јавна објава на пресудата за тужбата за клевета и навреда на Али Ахмети и Муса Џафери против ексразузнавачот Слободан Богоевски, соопшти дека тужбеното барање на тужителите се одбива.

Судот ја прифати жалбата на Богоевски и ја преиначи пресудата за клевета и навреда.

„Жалбата на тужениот се уважува“, рече судијката што не сакаше да си го каже името. Тоа значи дека Ахмети и Џафери го загубија спорот за клевета и навреда за сведочењето во САД случајот „Маѓар Телеком“.

Апелација предметот го судеше вторпат. Предметот првин го судеше судијата од Основниот суд Скопје 2, Нухи Рустеми. Апелациските судии лани утврдија дека првостепениот суд сторил серија повреди на постапката и предметот го вратија од почеток. Рустеми по вторпат донесе иста пресуда, која сега скопска Апелација целосно ја преиначи.

Ахмети и Џафери имаат право на ревизија до Врховниот суд. Во сведочењето пред американскиот суд, Богоевски, меѓу другото, потврди дека двајцата високи функционери на ДУИ примиле мито од „Маѓар телеком“ од по 2,5 милиона денари. Ахмети и Џафери тужеа поради ваквото тврдење и бараа отштета од 90 илјади евра, но се откажаа од надоместокот.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Без Филипче, со Ахмети и Апасиев, Мицкоски денеска прави лидерски собир

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он