Алексовски: Ова е чиста политичка хајка на СДСМ против мене

Од:

Актуелниот градоначалник на Крива Паланка и кандидат за градоначалник од Коалицијата за локални избори 2017 предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Арсенчо Алексовски истакна дека кривичната пријава што е поднесена против него е, како што рече, политичка хајка и валкана игра за да се оцрни неговото име.

– Станува збор за неколку дечиња Роми и неколку дечиња Македонци од социјално-ранливи групи кои го користеле училишниот превоз, а биле оддалечени неколку метри помалку од пропишаните два километри за користење бесплатен превоз. Единствениот грев, мој и на претседателот на Советот и директорот на „Јоаким Крчовски“ е тоа што сме овозможиле овие сиромашни дечиња да користат бесплатен превоз за да учат. Ова е чиста политичка хајка и валкана игра на СДСМ пред изборите да го оцрнат моето име како кандидат за градоначалник, изјави Алексовски на прес-конференција по повод поднесената кривична пријава против него од страна на МВР, заради злоупотреба на службена должност, доносно непочитување на договор склучен со АД „Пролетер“ за превоз на ученици во општината.

Потенцира дека не е негова обврска да ја проверува оддалеченоста на домот на секој ученик до образовните институции, а секој родител, рече, потпишува изјава под морална и материјална одгооврност за користење превоз без надомест, согласно оддалеченоста на живеалиштето,

Рече дека не биле точни ниту наводите оти општината нема договор со сообраќаен инспектор и посочи дека има склучен договор со сообраќаен инспектор од Министерство за транспорт и врски за користење општински работи.

Тој рече дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и премиерот Зоран Заев треба да се осврнат на, како што истакна, криминали направени од страна на неговиот претходник, во врска со проект за изградба на канализација во населбата Бојанов дол.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“