Александрова: СДС создава вистински хаос во студентските домови

Од:

„СДС ги лаже студентите. СДС создава вистински хаос во студентските домови.

Владата на СДС без срам укина еден од оброците на студентите во студентските мензи.

Благодарение на апелите на ВМРО-ДПМНЕ и повиците на јавноста СДС повторно го врати оброкот што го укина.

Имено по реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за одлуката за укинување на појадокот, вчера министерката Рената Дескоска од СДС повторно го врати појадокот на студентските трпези.

ВМРО-ДПМНЕ успеа уште еднаш да ја спроведе правдата на дело.

За ВМРО-ДПМНЕ идните академски граѓани на Република Македонија не се само гласачко тело како што ги смета СДС, туку иднината на Македонија во која треба многу да се инвестира. Оваа ситна игра и манипулација на СДС со студентите скапо ќе ги чини на 15-ти октомври.

На 15-ти октомври граѓаните ќе ги казнат лагите на Заев, поигрувањата со семејствата на студентите и потценувањето на нивната интелигенција“, изјави Сара Александрова.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус