(ВИДЕО) Александрова: Мицкоски да си даде оставка, поради лицемерниот однос кон НАТО интеграциите

Од:

Пратеничката од редот на независната група на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Александрова на прес-конференцијата од Собранието побара оставка од лицерот на партијата, Христијан Мицкоски, поради, како што рече, лицемерниот однос кон евроинтеграциите.

Рече дека иницијативата што побарал да ја поднесат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со која се бара договорот за членство во НАТО да се усвои пред распуштање на Собранието и пред протоколот за ратификација на договорот да биде усвоен во шпанскиот парламент е лицемерен чекор на првиот човек во партијата. Независните на ВМРО-ДПМНЕ не оправдуваат ваков чекор, како што велат, бидејќи на лидедот кој бил против уставни измени одеднаш НАТО му станало важно прашање.

„Кога се одлучуваше за европската иднина, за гласање на уставните измени, пратениците беа притиснати во ќош. Одеднаш на Мицкоски му стана важна НАТО. Или во стилот на бугарското со Борисов ‘сичко е добре’, сега на ред е грчкото ‘не’, што во превод значи ‘да’. Не поддржуваме вакво лицемерие. Бараме Мицкоски да си даде оставка”, рече Александрова.

Александрова од независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ, рече дека не постои простор за помирување и враќање во редовите на ВМРО ДПМНЕ со ова раководство. Таа не кажа како пратениците од ова група ќе настапат на избори и дали се подготвува терен за нова партија со вмровски предзнак.

„Помирувањето е долготраен процес, но во моментот не гледаме дека постои објективна политика кај раководството да нè врати како долгогодишни членови на партијата”,рече Александрова.

Би можело да ве интересира

Благодарност од Независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ до Холандија за позитивниот заклучок за отпочнување на преговорите со ЕУ

Ана Ололовска

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ бара да биде вклучена во преговорите за Изборниот законик

Ана Ололовска

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на Бундестагот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Независните на ВМРО, не кажуваат дали ќе гласаат за одземање на мандатот на Груевски

Ана Ололовска

Независната пратеничка група од ВМРО – ДПМНЕ предлага доброволен нарко тест за пратениците

Ана Ололовска

Независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ ја поздравува поддршката на Дол за Силјановска

Ана Ололовска