Александар Дугин и Леонид Савин на средба со „Единствена Македонија“

Од:

Утре, во тридневна посета на Единствена Македонија доаѓаат идеолозите на евроазиската интеграција, професорите Александар Дугин и Леонид Савин, на средби и разговори со раководството на „Единствена Македонија“.

„Посетата на Дугин и Савин е од особена важност за препознавање на досегашните активности на Единствена Македонија на домашен терен по донесувањето на историските одлуки од 21 јануари годинава партијата да настапува под назив: Единствена Македонија и залагањето за радикален пресврт во македонската политика што подразбира стратешки сојуз со Русија и членство на Македонија во Евроазиската економска унија.

Во рамките на посетата, високите гости од Русија заедно со претседателот и заменик претседателот на Единствена Македонија, професорите Јанко Бачев и Стефан Влахов Мицов, ќе бидат говорници на панел дискусијата што ја организира Единствена Македонија во сабота на тема: „Иднината на Македонија во стратешки сојуз со Русија и членство во Евроазиската економска унија“, се вели во соопштението на „Единствена Макеронија“.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска