Албанските националисти со закани наместо со извинување кон Пустец

Од:

Албанската националистичка црвено-црна алијанса, наместо извинување до Македонците од Мала Преспа, за случувањата од 16 декември лани, со нова закана дека повторно ќе ги врателе албанските имиња на населените места, објави Дневник.

Крешник Спахиу, лидер на црвено-црните, од партиски собир во Поградец упатил закана до Македонците во Мала Преспа дека штом дојдат на власт повторно ќе ги вратат албанските имиња во Мала Преспа.

„Пред околу една година ние предложивме една идеја за еден предлог-закон за албанските и странските топоними. Пред една година се обратив со едно прашање до сите граѓани во Поградец, што значање има името Поградец и ниту еден од нив не го знаеше одговорот. Ние тој ден дојдовме со ветување дека ќе ги албанизираме имињата на нашите села и градови и ова ние ќе го направиме без компромис, не копирајќи никој, не правејќи ниту политички пазар. Но за жал, денеска во пресрет на парламентарните избори од 23 јуни, на место на албанизирањето се случува спротивното, за неколку стотици гласови, албанските имиња се словенизираат, од Лиќенас во Пустец“, изјавил Спахиу во Подградец.

Тој уште додал дека не ги сака гласовите на Македонците и оти ќе ги врати „албанските имиња на сите населени места, зошто тоа биле етнички албански територии“.

Токму поради овие причини, нагласил тој, требало да се отстрани актуелниот прословенски и прогрчки клан и на Албанија да и се донесе Црвено-црн парламент.

Би можело да ве интересира

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

A1on

Успешните од дијаспората да напишат мотивациско писмо зошто сакаат брза лента на аеродромите – Османи повторно дели МКарта

A1on

Македонската дијаспора од ЕУ во 2021 година во Македонија испратила 325 милиони евра

Горан Наумовски