Албанскиот кардиохирург Петрит Бара прогласен за почесен граѓанин на Дебар

Од:

Познатиот албански кардиохирург, со дебарско потекло, д-р Петрит Бара денеска беше прогласен за почесен граѓанин на Дебар.

На свеченост во локалната самоуправа градоначалникот Аргетим Фида, му го врачи признанието на д-р Бара, актуелен Декан на Медицинскиот факултет при Тиранскиот универзитет.

– Признанието му се доделува за неговите големи постигнувања во областа на медицината и максималната подршка за отворање на студии по медицина на ДУТ и дисперзираните студии за физиотерапевти од ДУТ во Дебар, рече градоначалникот Фида.

Д-р Бара рече дека има посебно чувство на задоволство од даденото признание од страна на Дебар.

– Медиицнскиот факултет при Универзитетот во Тирана, секогаш ќе биде отворен за специјализација и натамошно научно унапредување за албанските кадри. Ова признание кое го добивам денеска е уште една обврска повеќе за поголемо ангажирање во областа на медицината, рече Бара.

Досега за почесни граѓани на Дебар се прогласени Сине Холан од норвешката невладина организација „Норвак“, Ферит Дибра – познат албански биолог по потекло од Дебар, Николас Кнауф, сопственик на германската компанија „Кнауф“ и Бамир Топи, поранешен претседател на Албанија.

Би можело да ве интересира

Во Дебар воведени рестрикции на вода

Прегазен пешак во Дебар

А1он

Дамјан Стефановски најсреќен по фаќањето на светиот крст во Дебар

Воведена e забрана за тешки возила на патниот правец Маврово–Дебар

Работник падна од зградата каде работеше – почина на пат кон болница

А1он

Откако мечка се појави на булеварот во Дебар: Не трчајте, побрза е од вас

Предраг Петровиќ