Албански лидери планирале да посвојат дел од Македонија, Косово и Црна Гора

Од:

Комунистичките лидери на Албанија, на тајни состаноци кон крајот на 70-тите и почеток на 80-тите години, планирале воена операција „Експлозија“ – Shperthimi, против Југославија.

Со операцијата Албанија планирала, по смртта на Јосип Броз Тито кога во Југославија ќе започнела борбата за власт, со брза акција на својата армија да го присвои Косово и делови од Македонија и Црна Гора, пишува загребскиот „Јутарњи лист.“

Ова врз основа на албански и руски архиви и записник од седницата Политбиро Парија за работа на Албанија, како и изнесени сеќавања на тогашниот министер за одбрана, Велија Лиакај, го објави рускиот историчар Артјом Улуњан, експерт за комунистичко движење во 20-тиот век на Балканот од Институтот за општа историја на Руската академија на науки.

Во текстот „Тајна операција“, стои како Енвер Хоџа се подготвувал за „хаосот по Тито“.

Според Улуњан албанскиот комунистички лидер Хоџа бил опседнат со тоа што ќе се случи со Југославија по Тито и бил уверен дека таму ќе има крвава борба за власт помеѓу „проруските“ и „проамериканските“ сили.

Хоџа наводно бил истовремено и во страв за сопствениот режим, но размислувал како од целата ситуација да излече најмногу што може, па и можноста да го добие Косово.

Улуњан вели дека Косово е една од можните причини поради кои Албанија била единствена држава која не го потпишала завршниот акт на хелсиншкиот самит 1975 година, во кој се дефинирани границите на повоена Европа.

Тој го наведува извештајот на министерот за внатрешни работи Кадри Хазбиј од ноември 1977 година, во кој за прв и последен пат во важен документ на Хоџиниот режим се споменува дека владата на Албанија ја подржува идејата за обединување на сите Албанци.

-Ние сме (владата на Албанија) кога и колку ни дозволуваа околностите, со сите сили ги подржувавме граѓаните на Косово. И ние сме за тоа тие да се обединат со Албанија, бидејќи тоа ќе го осигура националното единство – напишал Хазбиј.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Полицијата употреби гумени куршуми и солзавец против демонстрантите во Тирана

(ВИДЕО) Хаос во Албанија. Демонстранти палат и кршат продавници, повеќе од 150 повредени

(ВИДЕО) Тирана e во пламен: Демонстрантите бараат оставка од Еди Рама

Горан Наумовски

Скандал во Албанија со интимни снимки од познат композитор и жени од јавниот живот

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Пекол во Албанија: Пожарот стигна до куќите, изгореа три домови – жителите во паника