Албанската опозиција ја напушти лидерската средба, затоа што претседателот на Собранието Талат Џафери го напуштил состанокот, па немалесо кого да дебатираат за именување нивни член во Државната изборна комисија.
– Албанската опозиција ја напушти лидерската средба, откако неа ја напушти и Талат Џафери, токму кога елабориравме за членот во ДИК што треба да го заземе за опозиција, па немаше со кого да дебатираме. Сега во комисијата односот на членовите е 4 : 2 во корист на власта, а според законот треба да биде 4:3. Третиот треба да биде од нашите редови, зашто два члена веќе има ВМРО-ДПМНЕ. Алијанса не може да претендира на ова место, кога е дел од власта, а Кренер Лога беше нивни претставник и на оваа средба, рече Изет Меџити.
Затоа го повикуваме Талат Џафери да престане со овие работи, зашто ќе ги квалификуваме како обид за фалсификат на изборите и ќе го оспоруваме нивниот легитимитет.
Ние бараме предвремени избори да се одржат на 4 и 28 април, а заедно со вториот круг на 28 април да се одржат и претседателските избори.
Сметаме дека техничка влада треба да има, но овојпат министрите треба да припаднат на албанската опозиција за еднаш засекогашп да се отстрани дел од режимот и да има фер и демократски избори.