Албанската опозиција потпиша Декларација за обединување

Од:

Алијанса за Албанците на Арбен Таравари и партиите од коалицијата Европски сојуз за промени (ЕСП), Демократско движење, Движењето БЕСА и Алтернатива, денеска потпишаа Декларација за обединување во пресрет на претседателските и парламентарни избори.

Во декларацијата што ја потпишаа лидерите на АА Арбен Таравари, на Демократското движење, Изет Меџити, на Алтернатива Африм Гаши и на Движењето Беса Биљал Касами, истакнуваат дека поставуваат темели на нова ера кај албанските партии во државава. Кандидат на четирите партии за претседателските избори ќе биде Таравари.

-Денес со потпишувањето на оваа декларација, на овој ден каде ја одбележуваме и независноста на Косово, поставуваме темели на нова ера кај албанските партии во Република Северна Македонија. Оваа декларација е заедничка платформа на сите општествени субјекти и фактори кои оценуваат дека дојдено е времето за голема политичка промена во земјата. Денес, од овој масовен собир, ги повикуваме сите, без разлика – млади, неопределени, очајни, активисти и аналитичари – Придружете се кон промената која доаѓа, рече Меџити.

Таравари од друга страна изрази надеж дека после 8 мај ќе се случела долгоочекуваната промена во албанскиот блок.

-Денеска се официјализира соработката помеѓу албанските опозицски партии првпат после 2011 година кога албанците генерално гласаат за промени, но не успеваа опозициските партии да најдат заеднички јазик да соработуваат. Јас сум многу среќен што потпишавме Декларација за соработка и се надевам на 8 мај ќе се случи долгоочекуваната промена во албанскиот политички блок, изјави тој.

Касами, пак, рече дека вклучувањето на АА во коалицијата ја покажува одлучноста, револуционерниот дух и волјата за промена на албанскиот народ.

-Бидете уверени дека Вашата одлука да бидете дел од овој процес е вреден, посочи Касами.

Би можело да ве интересира

Таравари назначи в.д. директори во неколку јавни здравствени установи

Има средства за проширување на позитивната листа со девет нови лекови, вели Таравари

Таравари: Траба да се направат критериуми за вработување на 300 специјализанти до крајот на годината

Таравари: До крајот на годинава ќе се вработат 300 приватни специјализанти

Таравари: ДУИ со функцијата економски директор во Министерството за здравство ги „честеше“ своите луѓе

Горан Наумовски

„Европскиот фронт“ обвини дека Таравари врши психолошки притисок врз организациските директори за да се повлечат

Горан Наумовски