Таравари се приклучи на блокот на криминалот и минатото, вели премиерот Мицкоски

Од:

Блокот на криминал и минатото и оној на иднината и просперитетот на Македонија се двата блока, кои ќе се спротивстават на претстојните избори, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на нови пристапи во третман на лица прекршители на законите во Тренинг центарот во Идризово.

Според него, Арбен Таравари одлучи да се приклучи на првиот блок, појаснувајќи дека на политичката сцена неделава многу работи ќе бидат појасни.

– Реалната политика е работа на можното. Јас сум свесен за тоа. Неделава ќе има многу работи појасни. Но, едно е јасно, дека на помалку од пет месеци од почетокот на кампањата за локалните избори се дефиренцираат два блока. Едниот е блок од минатото, блокот на криминал, корупција, срам, пљачка, блок кој тесно коалицираше со криминални банди. Повремено спортуваше во своите кабинети, играше фудбалчиња, баскет. Често пати се однесуваше безобзирно кон граѓаните и знаеше да го збогати својот возен парк или возниот парк на своите најблиски со по некој „мајбах“, автомобил кој вреди неколку стотици илјади евра, додека граѓаните едвај врзуваа крај со крај во месецот. Имаше и такви кои беа љубители на недвижности па купуваа цели трговски центри… Тоа е едниот блок на кој за жал Арбен Таравари одлучи да му се приклучи и другиот е Блокот на чесните граѓани, блокот на Македонија, кој што сака да види една богата успешна земја во која ќе нема повластени, нема да се играат фудбалчиња во владините кабинети, туку ќе се работи, ќе се испорачува за граѓаните, рече Мицкоски.

Во однос на позицијата на вицепремиерот Арбен Фетаи, кој беше кадар на ВРЕДИ од АА, тој потенцира дека неделава ќе има средба со раководството на партијата.

– Оваа недела ќе бидат многу работи појасни. Очекувам да се видам со луѓето во ВРЕДИ и да поразговараме за иднината на Владата, коалицијата со една јасна програма до локалните избори и потоа. Многу работи ќе бидат познати оваа недела, повтори Мицкоски.

Прашан за коментар за изјавата на дел од функционери на ВРЕДИ за можно премниување пратеници од ДУИ на страна на мнозинството, рече дека политиката е работа на можното.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Немојте да заборавите од каде потекнуваме, од каде доаѓаме и каде ќе се вратиме по сето ова

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека народот има очи да гледа и памет да размислува

(ВИДЕО) Мицкоски: Бугарија има можност да се докаже на 24 јуни, па како добри соседи да ги градиме односите

СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој пат обновата на патот Охрид-Свети Наум

Мицкоски нема да оди на Самитот на НАТО во Хаг, таму ќе замине Сиљановска Давкова

Мицкоски: Ќе се намали бројот на клубови кои приредуваат игри на среќа