Ал Џазира Балкан креираше спот кој симболично укажува на глобалните закани на слободата на медиумите

Од:

Светскиот ден на слободата на медиумите се одбележува на 3 мај и повод е да им се честита на новинарите и медиумските работници, но и прилика да се укаже на важноста за слободна работа на медиумите, да се осврне на состојбата со медиумските слободи и да се објави Индексот на слобода на медиумите. Каква е всушност состојбата во медиумите?

Според податоците на Комисијата за заштита на новинарите, во последната деценија се убиени, затворени или исчезнати 3088 новинари и медиумски работници. Сите настрадале додека ја вршеле својата работа.

Новинарството секој ден станува сѐ поопасна работа, дел заради известувањето од конфликтни жаришта во светот, дел заради зголемената агресија врз новинарите во вид на закани, навреди и физички напади. На новинарите им се суди, се замолчуваат со пресуди и казни, апсења, полициско насилство и со претреси. Се казнуваат за клевета и засрамување, додека системите укажуваат на важностa на слободата на изразувањето и значајната улога која медиумите ја имаат во изградбата и зачувувањето на демократското општество.

Светскиот индекс на медиумски слободи на организацијата Репортери без граници (RSF), кој секоја година ја анализира ситуацијата во 180 земји и територии, покажува дека во многу држави е присутна атмосфера на страв, за што придонесува и анимозитетот на политичарите кон новинарите. Освен Словенија, сите земји од регионот на оваа скала се наоѓаат меѓу 63 и 104 место, што е показател на вистинската состојба со медиумските слободи.

На овој негативен тренд не се имуни нити европските и демократски земји за што се доказ низата убиства на новинари, чии сторители во поголем дел се непознати. Меѓу новинарите кои се убиени од 2017 година до денеска се Лира Мек Ки, Џамал Кашогџи, Викторија Маринова, Јан Кучиак и Дафне Каруана Галиција…

И во текот на 22 години работа на Ал Џазира 11 новинари на Мрежата се убиени, многу се затворени, а стотина вознемирувани. Нивните платформи беа изложени на кибернетички напади, а се бараше и нивно згаснување. Новинарот Махмуд Хусеин притворен е во Египет, каде е задржан повеќе од 800 дена без обвинение, судење или пресуда, спротивно на египетското и меѓународното право.

Сѐ ова беше повод за краток промотивен спот на Ал Џазира Балкан кој симболично укажува на глобалните закани на слободата на медиумите.

Во едноминутниот спот во кој главната улога ја игра Арбен Бајрактарај, француски актер со албанско потекло, се прикажува денешната позиција на медиумите како заложници на системот и центрите на моќ.
Ал Џазира Балканс потсетува – на новинарите мора да им се обезбеди право на слободна работа. Затоа што новинарството не е злосторство.

Би можело да ве интересира

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он

Со плати под просечната, новинарите даруваа крв и го одбележаа Светскиот ден на медиумите – 3 мај

Орце Костов

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Новинарите летале со Бајден во претседателскиот авион и краделе навлаки за перници, чинии…

Предраг Петровиќ

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски