(ВИДЕО) Ал Џезеира: Критики за Македонија поради човековите права

Од:

Како еден од најголемите проблеми во Македонија, Владата на САД во извештајот за човекови права наведува дека е политичкото мешање во судството и корупцијата.

Извештајот се оценува како најкритичен досега. Од Владата нема официјална реакција, Од Американската амбасада во Скопје велат дека извештајот ја отсликува состојбата во земјава, пишува регионалната телевизија Ал Џезеира Балкан.

Љубе Бошкоски е единстениот политички затвореник во Македонија. Во последниот извештај за човековите права на американската влада,се вели дека тој како претседател на партијата Обединети за Македонија, осуден е на седум години затвор поради нелегално финансирање на кампањата во 2011 година.

Неговата ќерка вели дека нејзиниот татко никогаш не се бавел со нечесни работи, јавува репортерката од Скопје на телевизијата Ал Џезеира Балкан , Милка Смилевска.

-Се сомневаме во независноста на судската одлука. Тоа се гледа од начинот на кој се одвиваше судењето и максималната казна што ја доби, изјави Катарина Бошкоска.

Бошкоски беше голем критичар на власта. Додека е во затвор осомничен е и за помагање во двојното убиство во 2002 година, кога беше министер за внатрешни работи.

И Владимир Милчин, режисер, кој ја критикува владината политика, јавно е означен како соработник на тајните служби во времето на социјализмот, се наведува во американскиот извештај.

Милчин вели дека Комисијата за верификација на фактите го дискредитирала по политичка нарачка.

Сега се обидува да ја докаже невиноста пред судот, каде за вакви случаи е предвидена итна процедура, јавува Ал Џезеира Балкан.

-Осум месеци мојата тужба против одлуката на таканаречената Комисија за верификација на фактите собира прашина во Управниот суд. Јас барав јавна расправа, бидејќи тие не можат да докажат, а јас можам да докажам дека не сум бил соработник на полицијата, изјави Милчин за регионалната телевизија.

Американската влада нагласува дека клучен проблем во областа на човековите права е неуспехот на македонската власт да го пшочитува владеењето на правото, присутно е мешање во работатат на судството и медиумите, присутно е селективно гонење на политичките противници, како и значителното ниво на корупција.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска има сосема поинакво мислење.

-Бројот на откриени случаи се зголемува од година на година. Се зголемува и бројот на поднесени пријави против извршителите. Службите кои се борат против корупцијата бележат напредок, изјави Јанкуловска за Ал Џезеира.

Уредникот на весникот Дневник, Дарко Јаневски вели дека целта на зивештајот на Владата на САД е притисок на македонската влада.

-Извештајот е направен со тенеденција, Тоа не е извештај за човекови права во Македонија, туку политичка игра која има за цел да се врши притисок на државата и на сите граѓани, изјави Јаневски за Ал Џезеира.

Би можело да ве интересира

Испукани три куршуми кон таткото на киднапираниот Самоил, еден го погодил во глава, еден во рамо: Костадиновски ќе биде опериран

Орце Костов

(ВИДЕО) Детали за инцидентот во Лисиче: Напаѓачот пукал кон таткото на Самоил, паднал од мотор и избегал

Орце Костов

Едно лице пукало пред домот на Самоил Костадиновски, повредениот е во болница, потврдија од МВР

Орце Костов

Пукано кон таткото на исчезнатиот внук на Љубе Бошкоски

А1он

Обединети за Македонија: Груевистичките мегафони не стивнуваат

ВИДЕО: Го бара ли некој киднапираниот Самоил – И по еден месец се уште ни трага од него

Анита Петровска Рајковиќ