Активни се четири, а под контрола се шест пожари

Од:

Центарот за управување со кризи извести дека до 12.30 часот, има вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои активни се четири, под контрола се шест, локализирани и изгаснати се четири пожари.

Активни се пожарите во:

Општина Дојран: с. Николич (нискостеблеста шума)
Општина Чашка: под Солунска глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка, каде нема активен пламен, само чад во карпест дел (шумски пожар)
Општина Куманово: местото Преовце-Куманово (ниска вегетација)
Општина Старо Нагоричане: с. Ругинце (ниска вегетација)

Под контрола се пожарите во:

Општина Македонски Брод : с. Рамне – с. Ковче (ниска вегетација, проширен од фабриката Самоков)
Општина Македонски Брод : с. Слатина (мешана шума)
Општина Македонски Брод : с. Слатина кај Слатински извори (нискостеблеста мешана шума)
Општина Македонски Брод : во кругот на фабриката СУМБРО (ниска вегетација)
Општина Македонски Брод : помеѓу с. Црешнево, с. Крапа и с. Локвица (деградирана дабова шума и грмушки)
Општина Чучер Сандево: помеѓу с. Блаце и с. Горњани, м.в. Рамна шума (шумски пожар)

Локализирани се пожарите во:

Општина Прилеп: с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид (приземен во мешана шума)
Општина Свети Николе: с. Делисинци (ниска вегетација, стара напуштена куќа)

Изгаснати се пожарите во:

Општина Чучер Сандево: црквата Свети Тројца (ниска вегетација)
Општина Македонски Брод: с. Белица (нискостеблеста шума)

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници