Активисти обединети во иницијативата „Подобро за Тетово“ ќе се кандидираат за независни советници

Од:

Група граѓани на општина Тетово ќе настапат со заедничка листа на независни кандидати на претстојните локални избори. Во Иницијативата „Подобро за Тетово“ досега се вклучени 30-ина активисти на граѓанското општество, здружени заедно со професионалци од разни области, кои се одлучиле да го дополнат нивното вонинституционално делување.

„Ние сме група граѓани кои го сакаме најдоброто за Тетово и затоа сме здружени, принудени да се активираме како реакција на дегрдацијата на целокупната состојба во која се наоѓа нашата општина. Ние сме активисти на граѓанското општество, здружени заедно со професионалци од разни области и сме одлучиле нашето вонинституционално организирање и делување да ја дополниме со делување и во нив“, велат тие.

Општината е институција каде добива насока и значење развојот на нашиот град. Општинските институции имаат суштинско влијание во нашите животи бидејќи се токму тие кои ја определуваат и треба да ја гарантираат благосостојбата.

Иницијативата „Подобро за Тетово“ е назависна од политичките партии. Ние ќе настапиме во изборната трка за општинскиот совет со список на независни советници. На овој начин, заеднички ќе работиме постанувајќи гласот на граѓаните кои беа изоставени од одлучувањето. Секојдневно ќе се залагаме за одговорност на избраните челници на општината, барајчи нивна отчетност и транспарентност. Иницијативата #Подобро за Тетово е нашата покана до сите граѓани за здружување за општо добро, истакнуваат од Иницијативата.

Би можело да ве интересира

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски

Мртво бебе е донесено во Ургентниот центар во Тетово

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

ВИДЕО: Снимка од моментот на земјотресот во Тетово

Катерина Ѓуровски