Македонскиот актер со меѓународно реноме, Љуран Ахмети, ја загуби борбата со коронавирусот.
46-годишниот актер, кој е син на познатиот писател и публицист Џабир Ахмети, покрај во бројните театарски претстави, филмови и кратки филмови, во изминатите години глумеше и во некои од најпознатите серии во Турција.
Во 1998 година Ахмети имаше забележителна улога во европскиот филм „Куклена претстава“. Во изминатите неколку години, тој беше најпрепознатлив како еден од ликовите во многу популарни турски серии, во дел од кои можеше да го гледа и македонската публика.
Љуран Ахмети зад себе ги остави сопругата и ќерката, сестрата и родителите.