Ако Рускоска обвинителството и Кацарска и Трпков судството беа поим за политизрана правда, тогаш Коцевски е нивниот сиамски близнак, вели ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Македонија се гуши во „дивото месо” посеано од СДС и ДУИ кое како канцер ја има зафатено правдата во Македонија.Основаните сомнежи и впечатоци се дека синоним за политизирана правда се постапките на екс обвинителката Рускоска која со дежурните судии за 27 април Добрила Кацарска и Илија Трпков, станаа синоним за тоа како изгледа политички инструираното судство и обвинителство. Иако тие мислат и се надеваат дека нивните злодела ќе бидат заборавени и затскриени, Македонија не заборава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Политичките партии СДС и ДУИ си најдоа кој да обвинува, кој да суди. Потоа дури Кацарска ја унапредија и за Уставен судија, а судијата Илија Трпков држи политички говори за 27 април. На сите вакви и слични неправди печат стави нивниот сиамски близнак Љупцо Коцевски кој треба да биде разрешен, не само затоа што е дел од политичката архитектура на СДС и ДУИ во судството, туку и затоа што е незаконски и поставува и разрешува кадри во својството делејки ги на подобни за неговите политички ментори и неподобни. Токму затоа СДС се толку загрижени и се против реформите во судството. Доаѓа време на правда, и на реформи на последното политичко упориште на криминализираниот дел од општеството во Македонија, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски