Во еден од разговорите направен на 24 март 2013 година кој беше пуштен денеска во судницата на рочиштето за предметот за изборни измами „Титаник“, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески бара совет од поранешниот министер за здравство Никола Тодоров што да прават во општина Центар каде како што велат има голема излезност на „комуњари“.
– Ги извадивме сите месни комитети 90 отсто имаме излезеност од кај нас, не знам што друго да направиме, му вели Јанакиески на Тодоров.
На ова министерот за здравство му вели да одат до крај и од врата на врата да вадат.
– Одете до 100 отсто, од врата на врата, ако излегол еден нека праша кај е брат му или сестра, му, сите нека излезат, вели Тодоров.
Виктор Јованов