Ако има исчекор во преговорите за СЈО ќе има средба Заев-Мицкоски

Од:

Премиерот Зоран Заев информира дека денеска ќе има состаноци во Министерството за правда за да ги добие последните сублимати за работните средби во врска со новиот закон за јавно обвинителство со кој треба да се реши идниот стстус на СЈО. Целта е, потенцира, навремено да се заврши процесот, а ако има напредок би можело да биде одржана и лидерска средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

– Ако се случат одредени исчекори во делот на преговарањето, ние лидерите на двете политички партии, би оствариле лидерска средба за кончено заокружување на законот. Сакаме да постигнеме консезус и за овој закон. Овде имаме и политички одлуки кои треба да ги донесеме, затоа и ќе треба лидерска средба за законот за јавно обвинителство, изјави денеска Заев во Владата пред презентацијата на истражувањето на ОБСЕ за благосостојбата и безбедноста на жените.

Во однос на пораките од Државната комисија за борба против корупцијата за непотизам и судир на интереси при вработувања, Заев потврди дека дел од критериумите врз основа на кои ќе се направат најавените реконструкции се и укажувањата од Антикорупциска.

– Антикорупциската комисија беше јасна и гласна, тоа потврдува дека имаме систем, а тоа е најголемата вредност. Системот би бил систем ако постапуваме по него. Каде има влијание на одредни функционери и со тоа обесправиле граѓани во рамноправноста или во компетативноста за вработување ќе следува одговорност. Дел од критериумите за промените кои треба да се случат се и укажувањата од Антикорупциска, појасни премиерот Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски

Мицкоски: Наметнатиот билатерален спор нема да ја запре европската агенда

Мицкоски: Приоритет ни се реформите и проектите, не изборите

(ВИДЕО) Мицкоски: 2026 година ќе биде година на големи и крупни чекори

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

МНР: Неаргументирани коментари не се европски, потребна е почит кон Македонија

Горан Наумовски