Ако го испуштите часот за вакцинирање, пријавете се во кое било време истиот ден, а ако го испуштите денот – презакажете

Од:

Вакциналните пунктови имаат толеранција за граѓаните кои ќе го испуштат терминот за вакцинирање. „А1он“ од Министерството за здравство побара објаснување како да постапат граѓаните кои ќе го испуштат закажаниот термин за вакцина.

„Ако го испуштиле часот за вакцинирање, од која било причина, можат да се јават кое било време, но истиот ден и на истиот вакцинален пункт на кој што им било закажано, ќе бидат вакцинирани. Ако го испуштат денот, тогаш треба да презакажат. Можностите се преку матичните лекари или едноставно повторно да се пријават на страницата вакцинацја.мк“, велат од Министерството за здравство за „А1он“.

Вчера вкупно 8.500 граѓани имале закажани термини за вакцинација, а од нив се појавиле половина, односно 4256 лица. Од Министерството за здравство веќе известија дека за вчерашните термини направиле увид во системот поради многуте реакции од граѓаните за закажани термини на места во кои не живеат или на телефонски броеви што не ги користат. Увидот покажал дека граѓаните сами ги одбирале пунктовите на кои биле упатени. Тие можат да ги добијат вакцините на најблискиот пункт, а за тоа треба да ја покажат пораката или известувањето што го добиле.

Денес се закажани 13.500 термини за вакцинирање.

„Кога ќе затворат вакциналните пунктови пак ќе направиме увид во системот за да утврдиме колкумина не се појавиле на терминот за вакцина и да утврдиме кој направил пропуст“, велат од Министерството за здравство.

Минатиот месец, голем дел од граѓаните не се појавуваа на пунктовите оти не сакаа да ја примат вакцината која во моментот се давала. Кога почна вакцинацијата на возрасната категорија граѓани, многумина одбиваа да ја примат вакцината на „Астра зенека“ која Министерството за здравство одлучи кај нас да не се дава на лица помлади од 60 години поради згрутчувањето на крвта што се поврзува со неа.

Денес министерот за здравство, Венко Филипче, уште еднаш повтори дека нема ниту можност ниту причина да се избра вакцина, оти сите биле безбедни. Иако во земјава веќе стигнаа вакцини од различни производители, вакцинирањето се врши со онаа вакцина која што е на располагање во моментот на секој од пунктовите.

Вкупно вакцинирани лица од почетокот на вакцинирањето се 83.105, а од нив 66.086 имаат примено само една доза од вакцината.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска