Нема можност ниту потреба да се избира вакцина, сите се безбедни, уверува Филипче

Од:

Иако во земјава има вакцини од различни производители, граѓаните нема да добијат можност да изберат со која вакцина да се вакцинираат. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека нема ниту можност, ниту потреба граѓаните да бираат вакцини оти сите биле безбедни.

„Во однос на типот на вакцина ние засега не дозволуваме избор на вакцина. Нема ниту можност, ниту реално постои потреба за тоа. Нема контраиндикации за ниту една вакцина кај ниту една возрасна група. Пријавените граѓани ја дoбиваат онаа вакцина која е на располагање во моментот“, рече министерот Филипче.

Во тек е вакцинација на претставниците на критична инфраструктура, односно вработени во институции од витално значење за функционирање на државата. Министерот Филипче ги повика граѓаните да се пријавуваат за вакцинирање преку веб-страницата vakcinacija.mk, за која вели дека функционира перфектно и за кусо време сите што се пријавиле ќе добијат термини.

„Преку имејл или СМС граѓаните добиваат известувања за времето и пунктот каде што треба да се пријават за вакцина. Мал метеж се појави пред салата Борис Трајковски. Во текот на вчерашниот ден утврдивме дека помала група граѓани доаѓаат нешто пред терминот, тоа е причината за метежот“, рече министерот Филипче.

Направен е пресек на пријавените во системот за вакцинација заклучно со 30 април и во следните неколку денови, министерот Филипче уверува дека сите ќе добијат термин за вакцина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

Филипче за Извештајот на ЕК: Сè е полошо

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат