Министерство за здравство: Граѓаните грешеле при изборот на локацијата за вакцинација, ќе може да се вакцинираат во местото на живеење

Од:

Граѓаните кои добиле смс пораки за имунизација во друг град од местото на живеење сами погрешиле при изборот на вакциналниот пункт аплицирајќи на vakcinacijamk. велат од Министерството за здравство. Од таму посочуваат дека сите граѓни кои поради тоа што имале закажано во друг град, и го пропуштле терминот можат да ја јават на вакцинација во градот во кој живеат и ќе треба само да ја покажат смс пораката која ја добиле. Ова важи за сите граѓани кои деновиве ќе се соочат со ваков проблем велат од МЗ.

-Министерството за здравство ја информира јавноста дека по серијата информации од граѓани во јавноста, претежно на социјалните мрежи, дека за вакцинација добивале смс пораки за да се вакцинираат во друг град, а не каде што живеат системот Мој Термин направи анализа и ја увиде следната состојба: Граѓаните при закажување на веб страницата vakcinacija.mk сами направиле погрешен избор на локација каде сакаат да се вакцинираат, поради тоа системот автоматски им испратил порака за локацијата, односно вакциналниот пункт и градот, што сами го одбрале.

Министерството за здравство ги информира сите граѓани кои се соочиле со ваков проблем и од таа причина не се појавиле вчера на вакцинација истото да го сторат денеска, во местото каде живеат, односно на вакциналниот пункт во нивниот град. Не е потребно повторно да се пријават ниту на vakcinacija.mk ниту кај својот матичен лекар, доволно е кога ќе дојдат на вакциналниот пункт да ја покажат пораката која ја добиле односно каде пишува дека вчера имале термин за вакцинација. Ова важи за сите граѓани кои и денеска или во наредните денови ќе се соочат со овој проблем се вел во соопштението од Министертвото за здравство.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска