Акциска контрола во угостителски објекти во Струмица: Затекнати малолетници по полноќ, точење алкохол на малолетници…

Од:

Вчера вечер, во периодот од 21 до 05 часот утрово, полициски службеници од Бирото за јавна безбедност (Оддел за униформирана полиција, Оддел за криминалистичка полиција, Оддел за специјални полициски операции и СВР Струмица) во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во два угостителски објекта на подрачјето на СВР Струмица, извести МВР.

– При тоа, констатирано е присуство на 36 малолетници после 24.00 часот, спротивно на законот, како и точење на алкохол на малолетници во еден од нив. Од страна на Државен трудов инспекторат било утврдено дека вработени во едниот објект немаат потребна документација, соопшти МВР.

За сите прекршувања на законите ќе бидат поднесени соодвети поднесоци.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари