Акциска контрола во угостителски објекти во Скопје, приведени 12 лица, пронајдена дрога

Од:

На 7/8.10.2022 полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје и Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција при Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар извршиле контрола на угостителски објекти на подрачјето на Центар во Скопје.

При контролата лишени од слобода биле 12 лица, и тоа: Ф.С.(21), Б.Л.(22) двајцата од Скопје и Д.Ч.(43) од Р.Турција, затоа што кај нив била пронајдена марихуана, Ѓ.Н.(41), Н.Г.(32), Д.С.(27), П.К.(24), Х.В.(38), А.К.(37) и Д.С.(23), сите од Скопје и И.Г.(42) од Битола, затоа што кај нив бил пронајден и одземен кокаин и Т.Т.(25) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени марихуана и амфетамин.

По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Уапсени се шест возачи за безобѕирно возење, дел од нив беа пијани или возеа во спротивна насока

Горан Наумовски

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Уапсен е Марко Кричак, еден од најмоќните луѓе во српската полиција

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Терористички напад во Белград во близина на израелската амбасада: Дачиќ прогласи ЦРВЕН степен на опасност од тероризам

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар