Акциска контрола во угостителски објекти, пронајдена дрога, двајца приведени

Од:

Во текот на изминатата вечер во периодот од 00.00 до 04.00 часот од страна на Секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, во координација со Управата за јавни приходи спроведена е акциска контрола во повеќе угостителски објекти на територијата на целата држава, како и контроли на лица и патнички возила, извести МВР.

– При контролата, пред објект во Гевгелија кај Д.С. од Гевгелија била пронајдена марихуана, додека во угостителски објект во Скопје кај А.З. од Скопје бил пронајден кокаин. Лицата се лишени од слобода поради основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.215 од Кривичниот законик. Санкционирани се и пет лица поради непоседување на документи за лична идентификација, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари