Акциска контрола во угостителски објекти, констатирано точење на алкохол на малолетници и други неправилности

Од:

Утрово во временскиот период од 00.00 до 04.00 часот, полициски службеници од сите Сектори за внатрешни работи, во соработка со инспектори од државните инспекторати и од Управата за јавни приходи на територијата на целата држава, спроведоа акциска контрола за присуство на малолетници во угостителски објекти, контрола за точење и продавање алкохол на малолетници, откривање и злоупотреба на престој од страна на странски државјани и други прекршоци во која беа контролирани вкупно 279 угостителски објекти, извести МВР.

– При контролите се констатирани шест прекршоци за присуство на малолетници во угостителски објекти по дозволеното време, две кривични дела „точење алкохолни пијалаци на малолетници“ казниви по чл. 204 од Кривичниот законик, девет прекршоци од Законот за регистрирање на готовински плаќања и три прекршоци од Законот за лична карта. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари