Акција за заловување кучиња скитници во Куманово

Од:

Во Куманово денеска започнува акција за заловување на кучиња скитници, информира Секторот за инспекциски надзор од општина Куманово.

Стручни екипи на ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“ кои се задолжени за спроведување на акцијата ќе ги заловат кучињата и ќе ги сместат во прифатлиште кое ги исполнува стандардите. Кучињата се чуваат триесет дена, подлежат на третмани, а потоа се пуштаат на локација каде што се заловени.

– Акцијата ќе се спроведува наредните денови. Граѓаните не информираат секојдневно каде се лоцирани, се јавуваат телефонски, изјави комуналниот редар од Секторот за инспекциски надзор, Гордан Таневски.

За заловување на кучињата скитници, Општина Куманово одвои 800.000 денари во јули. Тендерот го доби ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“ и ќе трае се до јули оваа година. Досега од јули заловени се 200 кучиња скитници.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане