Акција за порибување на Охридското Езеро со јагули

Од:

Eлектрани на Северна Македонија изврши акција на порибување на Охридското Езеро со јагули.

Порибувањето беше извршено со подмладок на јагула од типот Европска јагула. Во Охридското езеро беа пуштени вкупно 29.421 парче подмладок на јагула со вкупна тежина од 865 килограми, со што ќе се подобри фондот на живиот свет во езерото, како и самиот еко-систем.

Акцијата е дел од иницијативитa за општествена одговорност на ЕСМ како компанија која користи дел од водите на езерото за производство на електрична енергија преку хидроелектраните Глобочица и Шпилје.

Од ЕСМ информираат дека јагулата е набавена согласно законските прописи, за да се обезбеди здрав и безбеден материјал за порибување на езерото.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство