Акција за отстранување на диво поставени тезги околу “Зелен пазар”

Од:

Акција за отстранување на диво поставени тезги околу “Зелен пазар”

Втор ден по ред, инспекција на општина Центар спроведува акција за отстранување на диво поставените тезги и дивите препродавачи околу “Зелен пазар”.

Диви тезги - Зелен пазар (1)

По опомената, дел од дивите препродавачи продолжија со продажба на индустриски и земјоделски производи на недозволено место, на пристапните патеки и тротоарите околу пазарот. Одземена им е стоката и изречена е глоба во висина од 50 евра во денарска против вредност, според Законот за јавна чистота.

Диви тезги - Зелен пазар (2)

Акцијата се спроведува по барање од граѓаните и нивните поплаки дека не можат да се движат и да дојдат до своите влезови, опасност од ширење на заразни болести и продажба на производи во нехигиенски услови.

Акцијата продолжува и во наредните денови и е во координација со Агенција за храна и ветеринарство,  Државен пазарен инспекторат, Инспекција на Град Скопје и службени лица од МВР.

Диви тезги - Зелен пазар (3)

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби