Акција на ДОМ за помош на поплавените

Од:

ДОМ соопшти дека по апелот на Црвениот крст на Република Македонија, денеска почнува акцијата за прибирање хуманитарна помош за поплавените подрачја во јужниот и југоисточниот дел од земјава, Могила, пелагонискиот регион, Штип, Чешиново-Облешево и Струмица.

Хуманитарната помош ќе се состои од флаширана вода за пиење и средства за хигиена и дезинфекција.

Граѓаните и симпатизерите на ДОМ кои ќе сакаат да донираат помош во овие средства од своја страна, истата ќе може да ја донесат во централната канцеларија на ДОМ, на ул. Никола Вапцаров, бр.18, спроти поранешниот Мекдоналдс.

Акцијата на ДОМ ќе трае денеска и утре.

Би можело да ве интересира

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Подготвеноста за поплави почнува дома и спасува животи

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Тројца загинати и четворица исчезнати во поплавите во Истанбул

А1он

(ВИДЕО) Хаотични сцени во Истанбул – патишта се уриваат, поројните води носат автомобили, поплавени се болници и метрото

А1он

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Италија – загинаа две жени

А1он

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он