Членовите на АЈДЕ! – Платформата за граѓанска политика, мотивирани од потребата јавно да ѝ порачаат на Македонската радиотелевизија (МРТ) дека треба да биде сервис на граѓаните, а не владин мегафон, утре (сабота), на 28 февруари, во 12 часот, ќе организираат протестен перформанс пред зграда на МРТ.
На овој настан, за слободата на изразување, за слободата на медиумите, за пропагандата и за улогата на МРТ како јавен радиодифузен сервис на граѓаните, ќе говорат новинарите и граѓанските активисти: Зоран Бојаровски, Сашка Цветковска, Инес Ефремова, Јана Коцевска и Билјана Бејкова.